(Видео) Судири меѓу демонстранти и полиција во Атина: употребени солзавец и шок-бомби

(Видео) Судири меѓу демонстранти и полиција во Атина: употребени солзавец и шок-бомби

пред 1 час

Во центарот на Атина вечерва дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17 години од убиството на Александрос Григоропулос.

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а приведени се 38 лица, од кои 8 се уапсени.

Тензии настанаа кога дел од демонстрантите се обидоа да тргнат кон квартот Егзархија, но полицијата ги блокираше. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на полицијата.

Сличен марш се одржа и во Солун, каде што беа приведени десет лица.

Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година стана симбол на протестите против полициската бруталност, а годишнината и годинава ја одбележаа судири и силно полициско присуство.

Текстот (Видео) Судири меѓу демонстранти и полиција во Атина: употребени солзавец и шок-бомби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top