На рускиот аеродром Сургут се судриле два авиона.
Авионот АТР-72, кој за време на инцидентот бил под процедура за одржување и имал вклучени мотори, започнал да се движи од засега непознати причини, што предизвикало судир со авион Јак-40, пренесува РТ.
Локалните медиуми објавија дека двата авиона претрпеле механичко оштетување, но дека во моментот на судирот во леталата немало патници или членови на екипажот, односно нема повредени лица.