(Видео) Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија

(Видео) Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија

пред 11 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опишал како многу, многу паметен човек кој на некои луѓе им се допаѓа, а на некои не.

Тој вели дека го прашал Орбана, за кого рекол дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војна.

„Ме погледна во стилот: „какво глупаво прашање“, рече Трамп, а потоа додаде дека унгарскиот лидер му рекол: „Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војна, тоа е она што го прават“.

„Кина победува преку трговија, Русија победува преку војни“, рече Трамп.

Текстот (Видео) Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top