(Видео) Трамп до новинар: „Не ми се обраќај така, јас сум претседател на Америка!“

пред 3 години

Новинарот Џеф Мејсон го испровоцира Доналд Трамп со прашањето дали ќе го признае Џо Бајден за претседател.

„Ќе биде тешко да се признае неговата победа, бидејќи имаше огромна измама. Ќе видиме колку брзо ќе се одвива промената на администрацијата, бидејќи времето не е на наша страна. Сè друго е. Факт е огромната измама што се случи. Тоа не смее да се случи во ваква земја”, рече Трамп.

Потоа репортерот влезе во вербална дискусија и во еден момент, Трамп ја изгуби смиреноста и му рече: „Јас сум претседател на Америка, никогаш повеќе не разговарај со претседателот така“, по што повика на прашање од друг новинар.

Share
Scroll to Top