(Видео) Трамп: Можев да им направам лоши работи на Хилари Клинтон, Бајден и Обама

(Видео) Трамп: Можев да им направам лоши работи на Хилари Клинтон, Бајден и Обама

пред 2 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека можел да им направи „лоши работи“ на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и на поранешните претседатели Барак Обама и Џо Бајден. Тој коментираше за евентуалниот обид на демократите да покренат постапка за негово отповикување.

На прашањето за што би можеле демократите да побараат импичмент ако победат во Претставничкиот дом и Сенатот на ноемвриските избори, Трамп одговори: „Можев да ѝ направам многу лоши работи на Хилари Клинтон. Можев да му направам многу, многу лоши работи на Џо Бајден.“

„Можев да му направам многу лоши работи на Барак Хусеин Обама. Мислев дека тоа нема да биде соодветно бидејќи институцијата претседателство треба да се третира со почит“, продолжи Трамп. Тој додаде дека функцијата претседател е „света“.

Трамп и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон им кажаа на републиканските гласачи дека демократите дефинитивно ќе покренат постапка за импичмент ако победат на претстојните среднорочни избори.

Текстот (Видео) Трамп: Можев да им направам лоши работи на Хилари Клинтон, Бајден и Обама е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top