(Видео) Трамп најави смена на водечкиот епидемиолог по изборите

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека може да го замени д-р Ентони Фаучи по претседателските избори.

Несогласувањата меѓу Трамп и Фаучи се продлабочија за време на најновиот, жесток бран на нови случаи на Ковид-19, поради што американскиот претседател денес се пожали на Фаучи пред неговите приврзаници, кои му одговорија со скандирање „Смени го Фаучи“.

Заблагодарувајќи се на предлогот, Трамп одговори дека одлуката ќе почека да поминат изборите, објави АП.

Д-р Фаучи во неколку наврати го обвини американскиот претседател дека ги игнорирал неговите совети и откри дека не разговарал со Трамп повеќе од еден месец.

Фаучи предупреди дека сериозна зима ја чека Америка ако не се преземат дополнителни чекори што е можно побрзо за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Share
Scroll to Top