(Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго пред нападот врз Иран

(Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго пред нападот врз Иран

пред 2 часа

Само неколку часа пред американската војска да започне со напади врз Иран, Доналд Трамп беше снимен како им се придружува на гостите на донаторска вечер во неговиот хотел Мар-а-Лаго синоќа. Видеата што се појавија го покажуваат Трамп во опуштено расположение непосредно пред воената операција.

Една снимка, до која дојде Дејли Меил, го покажува Трамп како се ниша на песната „God Bless the USA“ од Ли Гринвуд во балска сала додека гостите пеат заедно. Друго видео, објавено од корисникот на Инстаграм Ник Шефер, исто така го покажува Трамп како се движи во ритам на музиката.

Во еден момент, тој им се обраќа на гостите. „Сите да се забавувате“, вели Трамп. „Ние мораме на работа, јас морам на работа“.

Текстот (Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго пред нападот врз Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top