(Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени

(Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени

пред 8 месеци

Украински воени хеликоптери по втор пат за два месеци слетале во близина на линијата на фронтот во источна Украина за да се снабдат со гориво и муниција, а од воздух биле забележани од руски дрон, пишува Форбс. Неколку моменти подоцна, руската артилерија со долг дострел – веројатно балистичка ракета Искандер – разнесе три хеликоптери во близина на Павлохрад, 112 километри западно од контактната линија околу населбата Бердичи.

Оваа загуба е катастрофална за малите воздухопловни сили на украинската армија, но и уште еден знак дека Украинците сè уште не можат лесно да одржат соодветна воздушна одбрана по целата линија на фронтот, која е подолга од 960 километри.

Два нападни хеликоптери Мил Ми-24 и еден Мил Ми-17 беа во мисија во саботата и слетаа на таканаречената „точка за оружје и полнење гориво“, односно ФАРП.

ФАРП е поле во близина на фронтот каде што хеликоптерите можат безбедно да слетаат за да можат помошните трупи брзо да надополнат гориво и муниција. Идејата е екипажот на хеликоптер многу брзо да подигне сè што им треба – идеално за само неколку минути – и повторно да полета пред непријателот да ја таргетира локацијата.

Украинците ги извршуваат овие операции секој ден, бидејќи нивните хеликоптери летаат ниско на мисиите долж линијата на фронтот, пренесувајќи опрема и ранети војници и гаѓајќи ракети без насоки кон руските сили.

Текстот (Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени е превземен од МАКФАКС.