Русија драстично ја намали испораката на гас за Италија и Австрија

пред 2 години

Руски „Газпром“ соопшти дека ќе ја намали испораката на гас во Италија за приближно една третина, соопшти денеска италијанската енергетска компанија „Ени“, а австриската ОМВ исто така пријави значително помали пратки.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Наместо вообичаените 32 милиони кубни метри, најверојатно ќе бидат испорачани 21 милион, велат од „Ени“ од известувањето на рускиот добавувач. Најголем дел од рускиот гас пристигнува во Италија преку гасоводот „Дружба“. „Газпром“ денеска го затвори Северен тек 1 на десет дена заради одржување.

Италија најголем дел од потребите за гас ги задоволува со увоз од Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, италијанската влада се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас, склучувајќи договори со други добавувачи, како Азербејџан, Катар и Алжир.

Тие купија и два терминали за складирање и гасификација на течен гас (ЛНГ) преку операторот на гасната мрежа „Снам“.

Австриската енергетска компанија ОМВ денеска соопшти дека руски „Газпром“ дополнително ја намалил испораката на гас. Од средината на јуни, „Газпром“ испорача приближно половина од гасот колку што беше нарачано, изјави портпаролот на ОМВ, Андреас Ринофнер.

Денеска пристигна дури 70 отсто помалку гас од нарачаниот, изјави за агенцијата АПА портпаролот на австриската компанија.

Share
Scroll to Top