(Видео) Туристка се изненади од цените на лежалките во Црна Гора: „Не сум доволно богата“

(Видео) Туристка се изненади од цените на лежалките во Црна Гора: „Не сум доволно богата“

пред 5 часа

Чешката авантуристка Кејт редовно ги документира своите патувања низ Европа на Инстаграм, каде што ја следат голем број луѓе. За време на неодамнешната посета на црногорското крајбрежје, решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори за сонце на некои од најпознатите плажи во Милочер и на Свети Стефан. Цените што ги затекнала прилично ја изненадиле.

Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето лежалки и плажен кревет чини дури 200 евра на ден. Во видеото покажала речиси празна плажа и истакнала колку чини овој луксуз.

Потоа заминала на плажата Свети Стефан 2, каде што ја дочекало истото изненадување. Цената на комплет со две лежалки и чадор за сонце исто така изнесува 200 евра, пренесе „Индекс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate & Pinky (@k8pinky)

Високата цена ја изненадила, па го прашала еден од вработените дали гостите навистина плаќаат толку за еден ден на плажа. Тој ѝ одговорил дека само еден ден претходно плажата била целосно исполнета.

„Не сум доволно богата за ова“, се пошегувала Кејт.

Поповолна опција пронашла на јавната плажа од другата страна на островот Свети Стефан. Таму цените се значително пониски – две лежалки во првиот ред чинат 50 евра, додека во последниот ред можат да се изнајмат за 30 евра.

Бидејќи патува сама, Кејт на крајот не изнајмила лежалка. Наместо тоа, поставила пешкир на плажата и така го поминала денот.

Текстот (Видео) Туристка се изненади од цените на лежалките во Црна Гора: „Не сум доволно богата“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top