(Видео) Уапсени осум Русинки во Дубаи, се сликале голи на балкон

пред 3 години

Осум Русинки се уапсени во Дубаи и се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир со правење голи фотографии на отворено.

Видеото, кое се појави на социјалните мрежи во саботата, прикажува група голи жени кои се фотографираат на балкон.

Осум Русинки се меѓу приведените лица, соопшти рускиот конзулат, додавајќи дека обвинувањата се сериозни.

За нарушување на јавниот ред и мир во Дубаи може да се добие казна до шест месеци затвор и парична казна.

Полицијата во Дубаи предупреди дека секој што ќе објави порнографски материјал или каков било материјал што може да му наштети на јавниот морал се соочува со затвор и парична казна.

Секоја личност што живее во Обединетите Арапски Емирати или ги посетува ОАЕ е предмет на нејзините закони и не постојат исклучоци за туристите.

Share
Scroll to Top