Најбараниот колумбиски дилер на дрога и водач на кланот Дел Голфо, Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, е уапсен, потврдија воени и полициски извори.
Во акцијата е убиен еден полицаец.
Колумбија понуди награда до 3 милијарди пезоси (околу 800.000 американски долари) за информации за тоа каде се наоѓа Отониел, додека американската влада издвои награда од 5 милиони долари за да помогне во неговото лоцирање.
Стејт департментот на САД го опишува Отониел како „високо вооружен и екстремно насилен“. Картелот што го води е составен од поранешни членови на терористички организации.
Според Си-Ен-Ен, ова апсење е најголемиот удар за нарко-мафијата во Колумбија.
Колумбискиот претседател го потврди апсењето на Отониел во телевизиско обраќање до нацијата.
„Ова е споредливо само со падот на Пабло Ескобар во 90 -тите“, рече претседателот.
„Отониел беше еден од најопасните трговци со дрога во светот, убиец на полицајци, војници, политичари, регрутираше и малолетници“, додаде тој, завршувајќи го својот говор со зборовите: „До сите криминалци и трговци со дрога: или предадете се или ние ќе дојдеме по вас“.