177 деца загинаа во руските напади врз Украина

пред 2 години

Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина објави дека 177 деца во Украина загинале во руските напади, а 336 се ранети, јавуваат агенциите.

Се наведува дека во бомбардирањето на руската армија биле оштетени 938 образовни институции, а 87 од нив биле целосно уништени.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Share
Scroll to Top