(Видео) Убиен маж за време на прославата на победата на Бајден во Сиетл

пред 3 години

Триесет и едногодишен маж бил застрелан за време на прославата на победата на Џо Бајден на претседателските избори во Сиетл.

Маркез Демон Патерсон е убиен додека заминувал од прославата во паркот Кал Андерсон, соопшти неговото семејство. Прославата била организирана како дел од победата на Џо Бајден на изборите.

Пукањето се случило во 1 часот по полноќ, а полицијата веднаш излегла на местото на настанот, пишува „Сиетл тајмс“.

Човекот кој бил застрелан успеал да стигне до болница, но набргу им подлегнал на повредите.

Пукањето се случило во јужниот дел на контроверзната автономна зона Капитол Хил.

Мајката на Патерсон, Ке Васер изјави дека тој отишол на прославата со пријателите.

„Тој сакаше да излезе и да покаже почит кон новиот претседател и потпретседателката. Ни рекоа дека е среќен и дека налетал на своите школски другари“, рече таа.

Патерсон бил татко на две деца на возраст од 9 и 10 години.

 

Share
Scroll to Top