(Видео) Украина со дронови нападна руска фабрика, клучна за моќни ракети

(Видео) Украина со дронови нападна руска фабрика, клучна за моќни ракети

пред 1 час

Во текот на ноќта на 27 ноември беа пријавени експлозии во градот Јефремов, во руската Тулска област. Според првичните информации, меѓу целите биле фабрика за синтетичка гума и локална термоелектрана. За инцидентот прв извести независниот руски медиум ASTRA.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, фабриката во Јефремов произведува материјали што се користат за изработка на цврсто ракетно гориво – вклучително и за моќните ракети „Искандер“.

Преку анализа на видеоснимки, ASTRA потврди дека дошло до експлозија во фабриката за гума. Исто така, документираа експлозија во термоелектраната во Јефремов, која го снабдува градот и локалната индустрија, вклучително и споменатата фабрика, со топлинска и електрична енергија. Локалните жители пријавија прекини во греењето по експлозиите.

Дмитриј Миљаев, гувернерот на Тулската област, на „Телеграм“ објави дека руската противвоздушна одбрана соборила четири украински дрона над регионот. Тој додаде дека ризикот од нови напади сè уште постои.

„Нема жртви. Според првичните информации, не е забележана штета на инфраструктурата“, изјави Миљаев.

Гувернерот наведе дека остатоци од соборените дронови ги оштетиле прозорците на три приватни куќи во областа Јефремов, но не спомна експлозии во индустриски објекти. „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent) не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Фабриката за синтетичка гума во Јефремов и претходно била цел на украински напади, вклучително и на 24 декември 2025 година, како и на 25 септември оваа година.

Украина честопати ги напаѓа објектите во Русија кои се поврзани со нејзиниот воено-индустриски комплекс, со цел да ја ослаби способноста на Москва да ја продолжи војната.

фото/depositphotos/илустрација

Текстот (Видео) Украина со дронови нападна руска фабрика, клучна за моќни ракети е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top