(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

пред 2 месеци

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на Украина. Нападот бил комбиниран воздушно-ракетен и, според украинската страна, го пробил рускиот противвоздушен систем.

Фабриката, која произведува барут, експлозиви и компоненти за ракетно гориво, е опишана како „клучен објект“ на руската воено-индустриска инфраструктура. По ударот, во Брјанск биле пријавени и прекини на електрична енергија.

Ракетите „Сторм Шедоу“, со домет од 250 до 560 километри, се дизајнирани за прецизни удари по критични цели и претходно биле користени против цели во Брјанск, Курск и на Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека далекуметните удари се незаменлив клуч за мирот, нагласувајќи дека Русија избегнува дипломатија кога Украина има послаб капацитет за такви напади.

 

Текстот (Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top