(Видео) Украински дронови нападнаа руски региони: погодена рафинерија, експлозии кај воена база

(Видео) Украински дронови нападнаа руски региони: погодена рафинерија, експлозии кај воена база

пред 7 часа

Украински беспилотни летала во текот на ноќта меѓу саботата и неделата нападнале неколку руски региони, при што била погодена нафтена рафинерија во Саратов, а мета била и воената воздушна база кај Енгелс, пренесуваат руските и украинските медиуми.

Жители на Саратов и Енгелс пријавиле експлозии, а според првичните информации, во кругот на рафинеријата во Саратов избувнал пожар на две локации. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад над индустриската зона.

Гувернерот на Саратовската област подоцна потврдил дека станува збор за напад со дронови и информирал за оштетувања на цивилна инфраструктура во двата града.

Покрај рафинеријата, експлозии биле регистрирани и во близина на воената воздушна база Енгелс-2. На социјалните мрежи беа објавени снимки од силни експлозии во близина на базата, но информациите засега не се независно потврдени.

Украински извори објавија и дека бил нападнат логистички центар на компанијата „Wildberries“ во местото Новосемејкино во Самарската област. Станува збор за голем дистрибутивен комплекс кој опслужува повеќе региони во централниот дел на европска Русија.

Нападите се вклопуваат во пошироката украинска кампања на удари врз руска енергетска и логистичка инфраструктура, при што во последниот период сè почесто се таргетираат рафинерии, складишта за гориво и транспортни центри.

Текстот (Видео) Украински дронови нападнаа руски региони: погодена рафинерија, експлозии кај воена база е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top