(Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар

(Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар

пред 3 часа

Украински дронови во саботата нападнале петрохемиска фабрика во рускиот град Омск, предизвикувајќи голем пожар во индустрискиот комплекс, објави „Украинска правда“. Постројката се наоѓа на околу 2.500 километри од украинската граница.

Снимка од нападот објави украинската ОСИНТ-заедница „Ексиленова плус“, а инцидентот го потврдил и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко.

Според првичните информации на воените аналитичари, погодени биле делови во близина на два производствени погона во фабриката „Омски каучук“. Се наведува дека ударите биле во близина на погоните Д-3, каде што се произведува метил терц-бутил етер (МТБЕ), и Д-5.

Фабриката е еден од руските производители на синтетичка гума и индустриски хемикалии, меѓу кои фенол, ацетон и изопропил алкохол. Произведува и МТБЕ, соединение што се користи како компонента во производството на високооктански бензин. Според објавените информации, капацитетот на постројката е околу 500.000 тони петрохемиски производи годишно.

Засега нема целосни информации за обемот на штетата и евентуални повредени во нападот.

Нападнати и други руски индустриски постројки

Во саботата наутро била погодена и фабриката „Тољаттикаучук“ во градот Тољати, во Самарската област. И таму по нападот биле забележани експлозија и пожар, објави „Украинска правда“.

Ден претходно, на 23 октомври, била нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во рускиот град Орел. Постројката има целосен производствен циклус и произведува оптоелектронска опрема и уреди.

Текстот (Видео) Украински дронови погодија петрохемиска фабрика во Омск, избувна голем пожар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top