(Видео) Унгарската полиција како на филм бркаше Срби, кои се обидоа да ограбат златарница

пред 4 години

По бркотницата со автомобил, унгарската полиција уапси двајца Срби, кои се обиделе да ограбат златара во градот Дебрецен во Унгарија.

Жителка на Дебрецен пријавила на бројот за итни случаи кога забележала дека двајца мажи нападнале продавач во златарница.

Но, додека таа пријавувала, двајцата напаѓачи побегнале од местото. Полицијата веднаш по пријавата тргна во потрага по сторителите кои бегале со жолт автомобил. На социјалните мрежи се појави видео од брканицата.

Полициски автомобили се обиделе да го блокираат автомобилот во бегство од речиси сите страни. Возачот почнал да паничи, а набргу потоа исплашен од полициските автомобили кои ги следеле, жолтиот автомобил удри во паркирани возила, по што двајцата почнале да бегаат, но биле фатени од полицијата.

Како што соопшти полицијата двајца Срби влегле во златарницата и веднаш го нападнале продавачот, а еден од нив вперил пиштол кон него. Потоа и двајцата почнале да го удираат и тепаат. Трговецот се обидел да се одбрани, па почнале да се тепаат.

Разбојниците потоа се обиделе да го спакуваат накитот во црна торба, но на крајот морале да побегнат, па го оставиле и пиштолот и чантата.

46-годишен Србин и неговиот 37-годишен брат, осомничени за вооружен грабеж, на рочиштето признале се. Браќата се приведени, а поднесен е и предлог за нивно апсење.

Share
Scroll to Top