(Видео) Уште еден авион на Боинг принудно слета во Мајами: пламен изби од левото крило додека леташе

(Видео) Уште еден авион на Боинг принудно слета во Мајами: пламен изби од левото крило додека леташе

пред 4 месеци

Товарниот авион „Боинг 747-8“ (БА.Н) на „Атлас Ер“ беше принуден итно да слета на меѓународниот аеродром во Мајами откако доживеа дефект на моторот веднаш по полетувањето. „Екипажот ги следеше сите стандардни процедури и безбедно се врати на аеродромот“, се вели во соопштението на „Атлас Ер“, додавајќи дека ќе изврши увид за да се утврдат причините за инцидентот, кој се случи доцна вчера.

Непотврдените видеа на платформата „Икс“ покажуваат како пламен избива од левото крило на авионот додека летал, соопшти Ројтерс, наведувајќи дека не може веднаш да ја потврдат автентичноста на видеото.

Се работи за Боинг 747-8, според податоците на „Флајтвер“. 747-8 на Боинг се напојува со четири мотори на Џенерал Електрик.

Противпожарната служба во Мајами интервенираше на аеродромот и нема извештаи за повредени. Засега не се знае колку членови на екипажот имало во авионот. Боинг одби да го коментира инцидентот, додека ФАА и Џенерал Електрик не одговорија на барањата на Ројтерс за коментар.

Текстот (Видео) Уште еден авион на Боинг принудно слета во Мајами: пламен изби од левото крило додека леташе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top