Во Хрватска 4.135 нови случаи на коронавирус, починаа 78 лица

пред 3 години

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 4.135 нови случаи на коронавирус, починале 78 лица, а бројот на активни случаи е 25.270.

Меѓу нив, 2.792 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 295 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е потврден првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 172.523 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.562 починале, а оздравеле 144.691 лица, од кои 3.793 во последните 24 часа.

Во моментов има 63.908 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 872.515 лица, од кои 11.114 во последните 24 часа.

Share
Scroll to Top