(Видео) Уште 20 авиони со мировници од Русија пристигнаа во Нагорно-Карабах

пред 3 години

Русија испрати дополнителни 20 авиони со 170 припадници на мировните сили во Нагорно-Карабах.

Како што соопшти руското Министерство за одбрана, во текот на изминатиот ден 20 авиони на воено-транспортната авијација при Воздухопловно-вселенските сили на Русија полетале од аеродромот Уљановск-Восточни.

„Авионите на аеродром во Ерменија ќе достават повеќе од 20 тешки теренски возила со приколки, средства за логистичка поддршка и над 170 мировници“, се наведува во соопштението на Министерството.

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во Нагорно-Карабах веќе се распоредени повеќе од 1.100 руски мировници и извршени се 73 летови.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија – Владимир Путин, Илхам Алијев и Никол Пешињан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на борбените дејствија во Нагорно-Карабах.

Share
Scroll to Top