(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама

пред 4 часа

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траеше околу два часа, а ситуацијата повторно ескалираше откако еден демонстрант фрли молотов коктел врз зградата, пренесуваат медиумите во регионот.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови, објави „Јуроњуз Албанија“.

Потоа демонстрантите фрлaле камења врз полицијата, а според првичните информации, полицијата испукала и гумени куршуми.

Откако полициските сили ги растераа од булеварот, демонстрантите се разотидоа во неколку правци и продолжија да се собираат по околните улици и на плоштадот Скендербег.
Одредени групи запалија канти за отпадоци и ги оставија на средина од патот за да го блокираат преминувањето на полициските возила, пренесува медиумот.

Текстот (Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top