(Видео) Хаос во трговски центар во Белград: повеќе повредени лица, меѓу нив и деца

(Видео) Хаос во трговски центар во Белград: повеќе повредени лица, меѓу нив и деца

пред 42 минути

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград откако биле повредени, некои од нив сериозно, во инцидент што се случи околу 14:35 часот во Трговскиот центар „Галерија“, пренесуваат тамошните медиуми.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на ескалаторот.

Сите деца се подложени на дијагностика, а три од примените деца бараат хируршка нега, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, децата беа пренесени на носилки до амбулантното возило.

Јавниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград бил информиран за инцидентот во трговскиот центар и излегол на местото на настанот за да спроведе истрага, а по утврдувањето на сите околности, ќе најави понатамошни дејствија, изјавија за Танјуг од Обвинителството.

Според првичните информации, инцидентот се случил кога скалите одеднаш застанале, а потоа повторно започнале да работат.

Тимот на „Галерија“ објави дека полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности и причини за овој настан и додаде дека компанијата ќе продолжи да ја информира јавноста за сите факти штом тие официјално бидат утврдени.

„Надлежните служби веднаш излегоа на местото на настанот. Полицијата во моментов спроведува истрага за да ги утврди сите околности и причини за овој настан, во која тимот на „ Галерија“е на располагање. Здравствената состојба и закрепнувањето на повредените се наш највисок приоритет во моментов“, се наведува во соопштението за јавноста на ТЦ „Галерија“.

Тие додаваат дека ќе продолжат да ја информираат јавноста за сите релевантни факти штом тие официјално бидат утврдени.

Текстот (Видео) Хаос во трговски центар во Белград: повеќе повредени лица, меѓу нив и деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top