(Видео) Хеликоптер се урна меѓу пливачи во Атлантскиот океан

пред 4 години

Хеликоптер се урна во Атлантскиот Океан во близина на плажата во Мајами Бич.

Несреќата се случила во американската сојузна држава Флорида, на неколку метри од капачите на една од популарните плажи меѓу туристите, соопштија властите.

Двајца патници од авионот се пренесени во блиската болница и се во стабилна состојба, а според достапните податоци се чини дека повеќе нема повредени, пренесува АП.

Полициската управа на Мајами Бич на Твитер објави дека вчера попладнето добила повик за несреќата во областа кај Саут Бич.

На видеото објавено од полицијата се гледа како хеликоптер се спушта над океанот и се урива во водата, додека луѓето се сончаат на плажа, а други пливаат.

Share
Scroll to Top