(Видео) Чешкиот претседател Земан пренесен во болница по состанокот со Бабиш

пред 5 години

Чешкиот претседател Милош Земан беше пренесен во Централната воена болница со амбулантно возило, веднаш по средбата со премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, пренесуваат тамошните медиуми.

Двајцата политичари се состанале за да разговараат за формирање нова влада. Итната помош што го пренесе претседателот беше означена како мобилна единица за интензивна нега, кажаа очевидци.

Во септември, Земан помина осум дена во болница, опоравувајќи се, како што тогаш рече, од дехидрација и блага исцрпеност.

Земан кој има 77 години и кој е на чело на државата од 2013 година, започна да користи инвалидска количка на почетокот на оваа година. Претседателот на Чешка страда од дијабетична невропатија во стапалата.

Share
Scroll to Top