(Видео) Човекот што му удри шамар на Макрон е „малку изгубен“, вели извор од француската полиција

пред 3 години

Лицето кое му удри шамар на претседателот на Франција, Емануел Макрон, немало криминално досие, а дотичниот човек е љубител на средновековното мечување, пишуваат медиумите.

Како што пренесуваат, извор од полицијата го идентификувал осомничениот напаѓач како Дамиен Тарел (28), пренесува Ројтерс.

Тарел е под истрага за напад на јавен службеник, изјави локален обвинител.

Медиумите потсетуваат уште еднаш дека , Макрон, кој е на турнеја за да го почувствува „пулсот на земјата по пандемијата“, добил шамар за време на прошетка на југот на Франција, додека тој ги поздравуваше граѓаните.

Тогаш Тарел извикал „Долу макронија“ слично на борбениот крик на француската армија во време кога оваа земја беше монархија. Извор близок до истрагата го карактеризира како некој што е „малку изгубен и малку неприлагоден“.

Тарел се уште е во полициски притвор заедно со уште еден човек, додаде изворот.

Според француските закони, казната за напад на јавен службеник е затвор во траење од три години и парична казна од 45.000 евра.

Француската полиција изврши претрес во куќата на Тарел, каде тој живее со неговата мајка, при што пронашла оружје, советско знаме, копија од манифестот на Хитлер „Мојата борба“, белетристички романи, јапонска манга и воени игри.

Локалните медиуми јавуваат дека тој и неговиот пријател, кој бил уапсен заедно со него, се маргинални членови на општеството без работа и пријатели.

Share
Scroll to Top