(Видео) Швајцарската полиција со гумени куршуми и солзавец кон демонстрантите против корона-мерките

пред 4 години

Швајцарската полиција доцна синоќа употреби гумени куршуми и солзавец за да растера стотици демонстранти против рестриктивните мерки за контрола на коронавирусот во североисточниот град Сент Гален.

Полицијата најпрво изјави дека нејзините членови биле мета на најразлични предмети фрлани од демонстрантите и дека биле принудени да користат гумени куршуми во самоодбрана. Подоцна вечерта беше бјавено дека кон полицијата биле фрлени молотови коктели и други запалени предмети, што било причина органите на редот да употребат и солзавец.

Полициските службеници ги повикале демонстрантите да не напаѓаат и да не го оштетуваат имотот, а набљудувачите да си заминат.

Според весникот „Тагблат“, околу 1.000 луѓе излегле на улиците на Сент Гален, град со околу 75.000 жители.

Зголемениот број на инфекции со коронавирус ја принудија швајцарската влада да се откаже од мерките за олеснување.

Земјата со околу 8,6 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 600.000 случаи на инфекција, а повеќе од 9.600 лица починале.

Share
Scroll to Top