(Видео) Јапонија се збогува со поранешниот премиер Шинзо Абе

пред 2 години

Јапонија денеска се прости од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер, со молитви, цвеќиња и знамиња завиткани во црни ленти. Долга редица луѓе се формираше пред централниот будистички храм Зојоџи во Токио, каде се одржа погребната церемонија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Поворката со телото на Абе потоа ќе помине низ центарот на Токио, покрај зградата на парламентот каде што истакнатиот јапонски политичар за прв пат влезе како млад пратеник во 1993 година и зградата на владата од која ја водеше нацијата во два мандата како премиер.

Како што пренесува „Ројтерс“, Абе ќе биде кремиран на приватна церемонија, на која ќе присуствуваат само членовите на семејството и блиските пријатели.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Токио вчера наутро на враќање од Југоисточна Азија за да се прости од Абе, додека американскиот министер за финансии Џенет Јелен и потпретседателот на Тајван Вилијам Лаи беа во приватна посета како семејни пријатели.

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати видео со сочувство објавено на официјалниот претседателски профил на земјата на Твитер по посетата на јапонската амбасада во Париз.

„ Се сеќавам на сите наши средби и соработка, особено за време на мојата посета на Јапонија во 2019 година. Изгубив пријател. Тој и служеше на својата земја со голема храброст и смелост“, рече Макрон.

Убиецот, кој беше уапсен на местото на настанот и идентификуван од полицијата како 41-годишниот Тецуја Јамагами, верувал дека Абе и помагал на религиозна организација на која и донирала неговата мајка, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на истражните органи.

Јапонскиот огранок на Јужнокорејската црква за обединување вчера потврди дека мајката на осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер е припадничка на таа црква, но ги негираше тврдењата дека црквата од некого барала големи донации.

Претседателот на јапонскиот огранок на оваа црква, Томихиро Танака, изјави дека Абе не бил член на црквата.

Share
Scroll to Top