(Видео) Tајландскиoт премиер ги испрска новинарите со средство за дезинфекција

пред 3 години

За време на одговарање на новинарски прашања, премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, ги испрска со средство за дезинфекција претставниците на медиумите кои стоеја во првиот ред.

На конференцијата, новинарите го прашуваа премиерот за можни промени во владиниот состав.

Пред да ја напушти салата, видно изнервиран, премиерот се приближи до првиот ред на новинари и додека држеше заштитна маска, ги испрска новинарите со средството за дезинфекција.

Премиерот на Тајланд и порано имаше невообичаени испади за време на разговорите со новинарите. Во една прилика, тој фрли кора од банана кон снимателите.

Во Тајланд се зголеми бројот на оние кои повикуваат на оставка на премиерот, откако активисти кои повикуваа на политички реформи беа обвинети за кршење на законот, со кој се забранува критика кон постарите членови на кралското семејство, пренесува РТ.

Share
Scroll to Top