Бројот на откажани летови викендов ширум светот поради новиот сој на коронавирусот – омикрон, утринава се приближи до 7.000 и се очекува дополнително да се зголеми до крајот на денот.
Според веб-страницата „ФлајтАвер“, повеќе од 2.800 летови биле откажани во саботата, околу 2.400 во петокот.
До утрово, речиси 1.600 летови се откажани ширум светот, а повеќе од речиси 2.000 се одложени.
Патниците кои планирале да патуваат за време на божиќните празници се соочуваат со прекини на авиосообраќајот ширум светот, бидејќи авиокомпаниите откажале илјадници летови поради омикрон.