Виктор Орбан прими вакцина против грип

пред 4 години

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја прими вакцината против сезонски грип, а видеото и фотографијата од здравствениот дом ги објави на својата фејсбук-страница и ги повика своите сонародници да се вакцинираат.

„Само храбро. Секој кој може, нека прими вакцина против грип“, изјави Орбан покрај објавеното видео.

Csak bátran // Just do it!

Posted by Orbán Viktor on Понеделник, 19 октомври 2020

Експертите препорачуваат вакцинирање против грип, особено во пандемична ситуација.

На крајот на август, унгарската влада објави дека, со оглед на ширењето на епидемијата на коронавирус, заштитната вакцина против грип ќе биде бесплатна во Унгарија.

Share
Scroll to Top