Контролата на италијанскиот пазар покажа дека е пронајден норовирус во производ од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување, за храна и добиточна храна (RASFF).
Станува збор за производи од морска храна, односно школки наречени морски тартуфи.
Во известувањето од РАСФФ се наведува дека ризикот по здравјето во овој случај е потенцијално сериозен и затоа по увидот во Италија за се ги известиле надлежните во Хрватска.
Главните симптоми на норавирусот се повраќање, а може да има и дијареа, болки во мускулите, грчеви, главоболка и блага треска.
Болеста обично трае од еден до три дена, пишува „Дневник.хр“.
Текстот Високо заразен вирус откриен во производ од Хрватска на италијанскиот пазар : реагираше Европскиот систем за брзо предупредување е превземен од МАКФАКС.