Владата на Србија од утре ја намалува акцизата за горивата за 10 отсто

Владата на Србија од утре ја намалува акцизата за горивата за 10 отсто

пред 9 часа

Владата на Србија донесе одлука за дополнително намалување на акцизата за нафтените деривати за пет отсто, со што вкупното намалување ќе изнесува 10 отсто.

Мерката ќе стапи во сила од утре и ќе важи до 19 јули, а е донесена поради зголемувањето на производствените цени на нафтените деривати, предизвикано од растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар.

Со привременото намалување, акцизата за оловен бензин ќе изнесува 68,90 динари по литар, за безоловен бензин 64,80 динари по литар, додека за гасни масла, односно дизел гориво, ќе изнесува 66,64 динари по литар.

Текстот Владата на Србија од утре ја намалува акцизата за горивата за 10 отсто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top