Владата нема да дозволи штрајкот на железницата да победи, вели британскиот вицепремиер

пред 4 години

Британскиот вицепремиер, Доминик Раб, денеска изјави дека владата не може да дозволи, како што рече, екстремните синдикати да победат со организирање штрајк на железницата, предупредувајќи дека нивните барања може да предизвикаат спирала на инфлација.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Повеќе од 40.000 работници вчера во Велика Британија го започнаа најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години и ги напуштија своите работни места поради спорот за платите, условите за работа и работните места.

Штрајкот е организиран поради замрзнување на платите и намалување на бројот на работни места, а синдикатите сметаат дека ова е само можен почеток на т.н. лето на незадоволството кај наставниците, медицинските лица, па дури и адвокатите кои се свртуваат кон овој тип на дејство.

Share
Scroll to Top