Властите во Амстердам сакаат да им забранат влез на туристите во кафулињата со марихуана

пред 3 години

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи забрана за влез на туристи во познатите кафулиња во градот со марихуана.

„Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесни дроги, а таквите туристи станаа непријатни“, рече Халсемa..

Халсема, член на Зелената партија ГроенЛинкс, е градоначалничка од 2018 година.

„Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура“, рече таа.

Канабисот е технички нелегален во Холандија, но поседувањето помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано во 1976 година.

Халсема му предложи на градскиот совет декрет според кој во кафулињата со канабис може да се влезат само лица со холандски пасош. Таа се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам за лесни дроги“.

Во Холандија има 570 кафулиња каде може да се купи и консумира марихуана. Во Амстердам има 166.

Share
Scroll to Top