Властите во Мариупол: Можеме да извлечеме 9.000 лица

пред 2 години

 

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов, за Би-Би-Си изјави дека преговорите за привремен прекин на огнот за евакуација на цивилите траеле цела ноќ, а од утрово евкуацијата почна.

-Договорот е постигнат пред неколку часа. Веднаш беше објавено, рече тој.

Веднаш биле покренати сите постапки за извлекување на цивилите од завојуваното подрачје.

„Организиравме 50 автобуси, мислиме дека до Запорожје може да се превезат 5-6 илјади луѓе. Луѓето можат да одат и со свои автомобили. Сметаме дека, ако се почитува примирјето, 7-9 илјади луѓе можат да избегаат од градот. Возовите не сообраќаат бидејќи Русите ја уништија железничката инфраструктура. Немаме гаранција од руска страна за продолжување на примирјето, во моментов работиме на тоа. Мора да разберете дека градот е без инфраструктура во последните четири дена, па затоа е тешко да се даваат информации на луѓето“ заклучи Орлов.

Share
Scroll to Top