Властите забранија крузери да се приближуваат до центарот на Венеција

пред 3 години

Италијанската влада објави дека привремено ќе ги пренасочува големите патнички бродови кон индустриското пристаниште Маргера односно повеќе нема да им биде дозволено да се приближуваат до центарот на Венеција.

Министрите за животна средина, култура, туризам и инфраструктура одлучија привремено да ги пренасочат крузерите во Маргера за да го заштитат историското и културното наследство што не припаѓа само на Италија, туку и на светот, се вели во заедничкото соопштение.

Четворицата министри на тоа се согласиле за време на видео-конференција, а исто така повикале на предложување идеи за тоа како да се закотват тие бродови надвор од венециската лагуна и како на структуриран начин да се реши прашањето за големите бродови кои транзитираат во Венеција.

Крузерите во Венеција се извор на полемики со години.

Критичарите велат дека овие поморски гиганти се непријатни за око и претставуваат закана за животната средина и придонесуваат за туристички метеж, а подржувачите истакнуваат дека оваа индустријата создава работни места за градот.

Share
Scroll to Top