Воена инвазија – Русите го гранатираа Киев

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин ја потпиша независноста на Доњецк и Луганск, отцепените територии на Украина. Во таа прилика тој рече дека модерна Украина е создадена од Русија.

Бројни аналитичари одлуката на рускиот претседател да ја признае независноста на Доњецк и Луганск ја оценија како почеток на војната. Рускиот лидер во вчерашното вонредно обраќање најави воена операција во Украина.

Ракетни напади и експлозии се пријавени од вчера (четврток) во 4 часот и 45 минути во неколку украински градови. Претседателот на Украина Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба.

Најмалку уште три експлозии одекнаа во мугрите во Киев. Се чинеше дека доаѓаа од југозападниот дел на градот, јавува Си-Ен-Ен.

Според CNN, нивните новинари кои се во Киев во петокот рано наутро слушнале две големи експлозии во центарот на градот.

Според нив, оддалеку ја слушнале третата силна експлозија. Антон Херашченко, поранешен заменик министер за внатрешни работи, вели дека слушнал две експлозии, објави украинската новинска агенција Униан.

Тој додаде дека биле користени крстаречки или балистички ракети.

Во главниот град на Украина Киев, горат две станбени згради.

Според Државната служба за вонредни состојби на Украина, постои опасност од колапс.

На социјалните мрежи се шири видео од тепачката во украинскиот град Сума, кој се наоѓа во североисточна Украина.

Украинскиот претседател Зеленски објави дека од почетокот на руската инвазија загинале најмалку 137 лица.

Share
Scroll to Top