Осум лица во воен авион на Мјанмар се повредени кога се излизгал од пистата на аеродром во североисточната индиска држава Мизорам, јавува „Анадолија“.
Според официјалните лица, во авионот што слета на аеродромот „Ленгпуи“ за да ги врати војниците од Мјанмар, кои минатата недела преминаа во соседна Индија за да побараат засолниште, имало вкупно 14 лица.
„Повредените се пренесени во болница“, изјави Назук Кумар, висок официјален претставник во Мизорам, за „Анадолија“.
Минатата недела најмалку 276 војници од Мјанмар влегоа во индиската држава Мизорам за да бараат егзил.
Текстот Воен авион се излизгал од пистата во Мјанмар, има повредени е превземен од МАКФАКС.






