Возач од Србија превезувал мигранти во багажникот на автопатот кон Будимпешта

пред 3 години

Унгарските полицајци пронашле четворица илегални мигранти во багажникот на возило со српски регистарски ознаки на автопатот кон Будимпешта, а возачот побегнал.

Патрола на унгарската полиција се обиде да провери возило со српски регистарски ознаки на автопатот М6 што води кон Будимпешта.

Кога возачот видел како се приближува полицијата, го оставил автомобилот и побегнал во блиската шума, пренесуваат медиумите.

Унгарската полиција откри четири илегални мигранти во багажникот на возилото без валидни документи за нивниот престој во Унгарија.

Тие се изјасниле дека се државјани на Сирија.

Полицијата ги придружувала мигрантите до оградата на унгарско-српската граница, а се трага по возачот од Србија.

Полицијата од округот Толна објави дека запрела друго возило од Србија на истиот пат, на 120-от километар, и дека проверува дали и тој чествувал во шверцот на мигранти.

За кривично дело трговија со луѓе во Унгарија следи казна затвор од една до пет години, со отежнувачки околности до 15 години.

Share
Scroll to Top