Возовите во Германија доцнеа поради лебедот кој тагуваше по својот партнер

пред 3 години

Лебедот кој тагуваше по својот партнер на шините на германската железница задржа 23 возови повеќе од еден час се додека пожарникарите не го отстранија со специјална опрема, соопшти полицијата.

Две птици залутале на пругите на брзиот воз меѓу Касел и Гетинген во централна Германија, соопшти полицијата во Касел.

Една од птиците умрела, најверојатно откако се заглавила во кабли за напојување, се вели во сопштението за инцидентот на 23 декември.

Вториот лебед потоа се сместил покрај трупот на својот партнер и не сакал да се помести и покрај обидите на полицајците, поради што сообраќајот бил привремено запрен, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Подоцна биле повикани пожарникари со специјална опрема кои успеале да ги извадат мртвиот лебед и неговиот придружник.

Поради операцијата, 23 возови доцнеа околу 50 минути, се вели во соопштението. Преживеаниот лебед не бил повреден и подоцна бил пуштен во реката Фулда.

Според британското кралско друштво за заштита на птици, лебедите цел живот имаат еден партнер.

Share
Scroll to Top