Вооружени мажи киднапирале и запалиле автобус во Северна Ирска

пред 3 години

Двајца маскирани и вооружени мажи киднапирале и запалиле автобус во Северна Ирска, соопшти денеска полицијата, а медиумите го поврзуваат случајот со унионистичкиот гнев поради трговските бариери наметнати меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетот кралство по брегзит.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во Њутаунардс околу 6:30 часот по локално време и дека возачот на автобусот заминал неповреден. Двајца мажи го полиле возилото со бензин и го запалиле, соопшти полицијата.

Новинарката на „Белфаст Телеграф“, Алисон Морис вели дека напаѓачите се повикале на протоколот за Северна Ирска, усвоен како дел од договорот за брегзит, кој воведе трговски бариери меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство.

Новинарот на Би-Би-Си, Стивен Нолан, наведува, повикувајќи се на извор на про-британски лојалисти, дека киднапирањето се совпаѓа со крајниот рок што Демократската унионистичка партија (ДУП) го постави за промена на протоколот.

Многу унионисти велат дека протоколот го поткопува мирот во Северна Ирска, одвојувајќи ја од остатокот од Обединетото Кралство.

Share
Scroll to Top