Вооружени напаѓачи киднапираа околу 150 ученици од исламско училиште во Нигерија, соопштија локалните власти.
Полицијата потврди дека моторизирана банда го нападнала градот Теџин вчера попладне, наведувајќи дека напаѓачите пукале по случаен избор, а потоа упаднале во исламското училиште „Салиху Танки“ и на сила ги зеле учениците.
Според претходните податоци, едно лице го загуби животот за време на нападот, а овој инцидент е последен во низата масовни киднапирања во нигериските училишта од вооружени банди кои бараат откуп на пари, пренесува Ројтерс.
Напаѓачите веднаш ослободиле 11 деца, бидејќи тие биле премногу мали и не можеле да одат.
Од декември минатата година вооружени групи извршија бројни напади врз училишта во северна Нигерија и киднапираа повеќе од 700 ученици.
Во саботата, 14 студенти и членови на универзитетскиот персонал кои беа киднапирани на 20 април беа ослободени откако поминаа повеќе од еден месец во заробеништво.