Војската во Ерменија го повика премиерот да поднесе оставка

пред 3 години

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан рече дека повикот на вооружените сили тој да се повлече од функцијата е обид за воен удар во земјата и ги повика приврзаниците да се соберат во центарот на главниот град Ереван.

„ Верувам дека изјавата на Генералштабот е обид за воен удар. Ги повикувам сите наши поддржувачи да се соберат на Плоштадот на Републиката”, напиша Пашинијан на Фејсбук.

Ерменските вооружени сили претходно денеска повикаа на оставка од Пашинијан и неговата влада, објави новинската агенција Интерфакс.

Пашинијан се соочува со протести и повици за негова оставка поради, како што велат критичарите, погубни постапки во крвавиот шестнеделен конфликт меѓу азербејџанските и ерменските сили минатата година. Тој се најде под притисок на опозицијата, откако Азербејџан ја победи Ерменија во војната за покраината Нагорно Карабах, што заврши со договор за прекин на огнот на 10 ноември, со кој на Азербејџан му беа дадени големи делови од територијата во планинската зона Кавказ, за ​​која двете земји со денеции се спорат.

Share
Scroll to Top