Во Австралија заразен со коронавирус бил на натпревар, сега илјадници луѓе треба да бидат тестирани

пред 3 години

Властите во австралиската држава Викторија објавија дека бројот на нови случаи со Ковид-19 се искачи на 15 за три дена и предупредија дека следните 24 часа се особено критични бидејќи некои од заразените посетиле места каде што имало многу луѓе.

Од 15-те случаи, шест биле пријавени денес, а властите идентификуваа 301 лице кои имале близок контакт со заразените и соопштија дека 80 од нив досега добиле негативни резултати.

Едно заразено лице било меѓу околу 23.400 лица кои во неделата присуствувале на натпревар на Австралиската фудбалска лига, а властите наредиле илјадници навивачи да бидат тестирани и изолирани, пренесува Ројтерс.

Вршителот на должноста премиер Џејмс Мерлино изјави дека не може да ја исклучи можноста од натамошни ограничувања на главниот град Мелбурн.

Од друга страна пак во САД половина од возрасните граѓани се вакцинирани, покажуваат податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Повеќе од 164 милиони граѓани, или 49,5 проценти од вкупното население во САД, примиле барем една доза на вакцина против Ковид-19, а 131 милиони луѓе или 39,5 проценти од населението биле целосно вакцинирани.

Share
Scroll to Top