Во Австрија целосна блокада од вторник

пред 3 години

Австрија воведува карантин од вторник, со цел намалување на бројот на заразени со коронавирус, потврди австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Блокадата ќе трае три недели, до 6 декември.

За време на карантинот ќе бидат затворени дел од услужните дејности и продавниците кои не продаваат прехранбени продукти, а жителите ќе останат дома во текот на целиот ден.

„Луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови само за да пазарат неопходни производи, да одат во аптека, да спортуваат, да одат на лекар или да одат на работа“, информираше Курц.

Училиштата исто така ќе бидат затворени.

Австрија е на врвот во светот според бројот на новозаразени, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Со просек неделно на милион жители, Австрија е на врвот со 831 новоинфицирани, што е 0,86 проценти од населението, следи Грузија со 781, а Швајцарија е трета со 743. Потоа следат Чешка (674), Словенија (668), Полска (648), Литванија (584), Хрватска (580).

Австрија ја изгуби контролата за утврдување на контактите со болните.

Share
Scroll to Top