Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

пред 11 месеци

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.

Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.

Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.

 

Текстот Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top