Во Албанија 1.007 новозаболени лица, се чека вакцината на „Фајзер“

пред 3 години

Очекувајќи ги вакцините на компанијата „Фајзер“, кои треба да пристигнат во Албанија следната недела, земјата соборува негативни рекорди, па во изминатите 24 часа е регистриран највисокиот негативен рекорд од 1.007 новозаразени со коронавирус.

Врз основа на 3.849 тестирани во изминатите 24 часа, 26 проценти од тестираните имаат позитивни резултати, соопшти албанското Министерство за здравство.

Хоспитализирани се 404 лица, додека шест починале од последици предизвикани од коронавирусот.

Share
Scroll to Top