Белгија е едно од двете места каде што веќе се произведува вакцината на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бајонтех“ против Ковид-19.
Покрај Антверпен, каде што се наоѓа европското седиште на компанијата „Фајзер“, вакцината се произведува и во државата Мичиген во САД.
„Веќе произведовме стотици илјади дози на двете локации“, потврди Коен Колперт од белгиската компанија „Фајзер“ за локалните медиуми.
Американскиот „Фајзер“ и германскиот „Бајонтек“, по прелиминарните анализи во рамките на третата фаза од испитувањето, објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирус има 90-процентна ефикасност, што беше утврдено седум дена по приемот на втората доза.
Вакцината сè уште чека „зелено светло“ од здравствените власти, а „Фајзер“ и „Бионтех“ најавија дека планираат да испорачаат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година.
Европската комисија е во преговори со овие компании за договор за испорака на 300 милиони дози за земјите членки.